Астролозите предупредуваат на ваквото движење на Меркур кој е задолжен за полето на комуникации, патувања и учење и советуваат да бидете внимателни во периодот што е ретрограден.
Ретроградниот Меркур можете да го обвините доколку овие денови имате проблем со комуникациите во деловниот сегмент, пропуштени летови, механички проблеми со автомобилот или телефонот.
Не можете ништо да направите околу тоа, само штедете ги нервите бидејќи овој период ќе потрае до 22 декември и се советува да не купувате ништо ново: телефон, автомобил, компјутер со цел да ги заштитите апаратите од оштетување, проверете кога ви полетува авионот доколку патувате, не склучувајте деловни договорои и не се карајте околу проблемите во врската.
Меркур е ретрограден три пати годишно по три недели. Следната година тој ќе биде ретрограден во следниве периоди: од 22 март до 15 април, од 26 јули до 18 август и од 16 ноември до 6 декември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.