| четврток, 6 декември 2018 |

Глумиците протестираа носејќи црно на „Златните глубуси“ (галерија)

На свеченото доделување на наградите „Златен глобус“ глумиците облечени во црни тоалети протестираа против злоупотребата од страна на филмскиот могул Харви Вајнштајн.

Анџелина Џоли, Џесика Бил, Мерил Стрип, Кери Вашингтон, Кетрин Зита Џонс и уште голем број на славни дами, заблескаа и во црни фустани.

Црната боја беше одбрана за ТВ индустријата да го изрази незадоволството и да протестира против злоупотребата од страна на филмскиот могул Харви Вајнштајн.

Во 2017-та избија повеќе секс скандали и злоупотреби на славни жени од страна на Харви, па овој елитен настан беше одлична пригода да се изрази незадоволството и светот да го слушне тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top