Автомобилот „фиат 500Л“ кој папата Франциско го користеше минатата година за време на посетата на САД, е продаден на аукција за 82.000 долари.
Мајкл Чепмен, сопственик на синџир продавници во Филаделфија понуди најголема цифра за автомобилот на папата со четири врати.
Неговата малопродажна цена е 19.495 долари.
Овој „фиат“ беше еден од шесте автомобили кои папата ги користеше за време на посетата на Вашингтон, Њујорк и Филаделфија, а моделот 500Л се произведува во фабрика во Крагуевац, Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.