| четврток, 6 декември 2018 |

Интимна аналогна фотографска меморија на Алек Бимбилоски во „Јавна соба“

Вечерва, 30 јануари со почеток во 20часот во центарот „Јавна соба“ се отвора изложбата „Деновите на Тетрис“, исклучително интимно гледиште на еден светски патник, Алек Бимбилоски претставено низ призма на фото запис. Влезот за сите посетители е бесплатен.

Бимбилоски, кој моментално живее и работи во Охрид, живеејќи во значајните светски културни културни центри како Париз, Њујорк, Истанбул, успева да ги отслика миговите и животот на поединци во една субкултура, во едно поранешно време кое со својата оригиналност е предвесник и е од суштинско значење за развитокот на културните моменти и денешната субкултура којашто е делумно прифатена.

857e5148-443b-478c-98a3-d692a8fedc8c

Во исто време авторот ја задржува и врската со своите корени во Македонија и преку одредени симболики компарира и поттикнува дебата и буди спомени. Изложбата е вешто осмислена компилација на фотографии регистрирани со аналоген фотоапарат, каде што во преставените интимни ситуации има едни кои се покогнитивни за нас и се истовремено општествено прифатливи, додека оние кои се разликуваат не се посакувани или се сметаат за крајно провокативни.

cd6ec85b-12e0-4844-a6b5-a150dbf8a4a8

Експлицитноста и јачината на пораката од фотографиите, поттикнуваат критика и навраќање кон минатото, кон ерата пред дигиталната фотографија и интернетот кои ги донесоа со себе фотографиите со најинтимните мигови на еден човек во социјалните мрежи.

29a31f53-4f99-4847-aae1-fb5b1e44ad1e

Алек Бимбилоски има објавувано фотографии на групните изложби „Модерна Труција“, „Сонот и градот“ Центар на Модерна Уметност  Le Blanc Mesnil, „Борба“ Antwerp, за списанијата “L’Officiel”-Paris, “Jalouse”-Paris, “Vogue”-Italia, “Flaunt”-New York.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top