Шпанија победи во второто полуфинале над репрезентацијата на Хрватска со 33-29 и се пласираше во големото финале на Европското првенство во Полска.
Коцкестите“ влегоа во мечот носени на крилата на фантастичната победа над Полска пред два дена, одлично го стартуваа натпреварот, но загубија сили кога беше најважно, во завршниците од двете полувремиња. Искусните Шпанци знаеја како да го искористат тоа, ја казнуваа секоја грешка на противникот и на крајот заслужено се радуваа на пласман во финалето.
Почетокот во двете полувремиња им припадна на „каубоите“ кои набрзина постигнаа неколку гола и поведоа со три гола разлика (4-1, 5-2). Не сакајќи да му се случи истото како на Полска, шпанскиот селектор Каденас веднаш по само неколку минути повика тајм-аут за да ја консолидира одбраната. Тоа вроди со плод и „црвената фурија“ брзо ја стопи разликата и го презема водството. дбраната предводена од Гвардиола и Виран Морос функционираше беспрекорно, а од неа произлегоа бројни лесни погодоци. Ниту двата тајмаути на Бабиќ не вродија со плод, „црвената фурија“ делуваше перфектно во финишот од полувремето, па на одмор замина со убедливи 18-14.
Во вториот дел Хрватска заигра како во мечот со Полска со цврста одбрана и брзи контра-напади, и ја намалија негативата на само еден гол. Нападот на Шпанија во тие моменти беше долг и спор, но бековите секогаш наоѓаа пат до голот на Алиловиќ и Стевановиќ кои немаа свој ден и вкупно упеаја да фатат седум шута.
Голманите на Шпанија Штербик Де Варгас истотака имаа малку одбранети топки, но клучни беа трите одбрани на младиот Де Варгас во самиот финиш од мечот кога Хрватска се обиде да стигне до продолженија. Тоа го искористи крилото Томас и за само две минути постигна три гола и го реши натпреварот.
Гарсија и Ривера постигнаа по шест гола со стопроцентен ефект, Агинагалде и Виктор Томас беа прецизни по пет пати.
Шпанија во големото финале од ова Европско Првенство в недела ќе се сретне со Германија, додека Хрватите ќе водат битка за бронза со селекцијата на Норвешка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.