| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ против Мареј во финалето на Австралија Опен

Tennis Australian Open 2016

Енди Мареј е вториот финалист на Отвореното првенство на Австралија во тенис, откако претпладнево тој победи во дуелот со Милош Раониќ со 3-2 (4-6, 7-5, 6-7, 4-6, 2-6) во сетови.
Со тоа Британецот се пласираше во своето петто финале на Австралија Опен, но за да го освои овој грен-слем работата нималку нема да му биде лесна бидејќи од спротивната страна ќе биде првиот светски рекет и петкратен освојувач, Новак Ѓоковиќ.
Мареј покажа карактер и одолеа на налетите на канадскиот „бомбардер“, кој два пати поведуваше, најпрвин со 0-1, а потоа и со 1-2 во сетови. Британскиот тенисер одигра најдобро во четвртиот сет, што го доби со 6-4, за потоа експресно да го скрши и отпорот на противникот на самиот старт од решавачкиот сет. Второрангираниот светски тенисер најпрвин направи брејк за водство од 3-0, за веднаш потоа да направи уште еден брејк за да го добие сетот со 6-2, за конечен триумф од 3-2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top