| четврток, 6 декември 2018 |

Презентиран проект за развој на Кокино како туристичка дестинација

Денеска во центарот за дизајн Јавна Соба беше претставен проект за развој на архео-астрономскиот локалитет Кокино како туристичка дестинација.

12651048_10208770876534430_4101677611787001695_n

Проектот се спроведува од страна на Националната установа музеј Куманово, во соработка со Локалната акциона група Абер 2015 и со поддршка од Проектот за експанзија на мали бизниси, финансиран од УСАИД и владата на Швајцарија.

12642596_10208770915775411_2548375922825786408_n

На конференцијата ќе се обратат министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Лела Крстевска, директорката на НУ музеј Куманово, Анита Цветановска, и Мајкл Стиватер, директорот на канцеларијата за развој на УСАИД Македонија

.Проектот за развој на Кокино како туристичка дестинација вклучува нова веб страна (www.kokino.mk) и видео спот за локалитетот, кои ќе бидат презентирани за време на прес конференцијата, како и аудио водич (во форма на мобилна апликација), поставување на патокази, реновирање на информативни табли, поставување на заштитни прегради за ранливите делови од опсерваторијата и оградување на локалитетот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top