Нашиот светски познат архео-астрономски локалитет и древно светилиште – Кокино во општина Старо Нагоричане, Кумановско, старо речиси четири милениуми, кој од страна на Македонија е прогласен за културно наследство, а од страна на НАСА е ставено на картата на 15-те древни опсерватории во светот, последните две години, за жал, добива некоја нова димензија.
Ова место, поради неукост или лесноверност, почнаа да го сметаат за лекувалиште!? Се почесто при посетата на локалитетот можат да се забележат распослани чорапи и пешкири врз древни камени престоли…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.