| четврток, 6 декември 2018 |

Северина го изигра Милан – направи сè за таткото да не си го види синот

милан
Северина Којиќ не му дозволила на Милан Поповиќ минатиот викенд да го помине со нивниот син Александар. Иако бизнисменот, по судска одлука, требало со својот наследник да биде  од петок до недела, пејачката го изигрила. Снаата на Кеба во последен момент му пратила порака дека синот не може да го преземе во Белград, туку во Загреб, со што го прекршила договорот.  
-Северина намерно го опструира гледањето на детето. Често одбива да ги менува термините кога Милан е зафатен, а потоа не пријавува на центарот за социјална работа дека детето не го видело таткото. Исто така, прави сѐ за Милан да не си го види синот. Таа на тој начин се обидува да го спречи детето да се приврзе со таткото – вели соговорникот на српски „Курир“.Кралот на бакарот, кој заради синот допатувал од странство, дознал дека поранешната жена го измамила кога во „Курир“ прочитал дека Севе со синот и со сопругот била во Белград. По тој повод се обратил до редакцијата на „Курир“ за да провери дали Северина, навистина, викендот била во Белград.

-Ве молам да ми кажете дали Северина била во Белград, бидејќи договорот беше Александар да го преземам во петок, но таа одеднаш го промени планот и бараше по синот да дојдам во Загреб, иако знаеше дека тоа е невозможно. Минатиот викенд требаше да го помине со мене – рекол Поповиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top