Најновите анкети покажуваат дека 40 отсто Германци сметаат дека канцеларката Ангела Меркел би требало да поднесе оставка поради својата политика кон бегалците, објави денеска магазинот „Фокус“.
Според анкетите, 45,2 отсто анкетирани веруваат дека Меркел не треба да поднесе оставка заради политиката спрема бегалците.
Германскиот аналитичар Михаел Шпренг неодамна изјави дека Меркел во следните осум недели ќе биде под голем притисок поради бегалската криза и ќе биде принудена да постави прашање за доверба на Владата.
Анкетата е спроведена во периодот од 22 до 25 јануари врз 2.047 Германци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.