| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Ќе се изградат нови 150 типизирани игралишта за кошарка

баскет

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска најави пет нови проекти за младите во Македонија, од кои е и проектот за изградба на  150 нови типизирани игралишта за кошарка.

Новите 150 типизирани игралишта за кошарка ќе бидат лоцирани во градовите и во населените места низ Македонија.

– Јас сум уверен дека токму меѓу тие млади деца се наоѓаат новите спортски херои на Македонија. Овие игралишта ќе бидат со тврда акрилна подлога, која ќе може да се користи на сите временски услови, и ќе бидат соодветно осветлени со сите потребни и придружни реквизити потребни за ваков вид спортување – појасни Груевски.

Надлежна за овој проект ќе биде Агенцијата за млади и за спорт, која во соработка со единците за локална самоуправа оваа година уште веднаш ќе почне со подготвителни активности во правење типизирани проекти, а на терен ќе се почне со работа на почетокот на 2017 година. Се очекува овој проект комплетно да биде завршен до 2020 година.

– Овој проект за изградба на 150 игралишта за баскет ќе биде надградување на проектите од областа на спортот како што е изградбата на 120 тениски игралишта, изградбата и реализацијата на 100 повеќенаменски спортски игралишта и изградбата на вкупно планираните 180 спортски и училишни спортски сали – заклучи Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top