| четврток, 6 декември 2018 |

Велковски: Ќе се градат спортски сали и повеќенаменски игралишта

Со изградба на спортски сали на територија на Република Македонија се овозможува сите оние кои се занимаваат со спорт и спортски активности да тренираат и да се натпреваруваат во текот на целата година. Досега се изградени 34 спорстки сали, а реновирани се две кои ги исполнуваат потребните стандарди за одржување на натпревари во кошарка, ракомет, одбојка, мал фудбал како и натпревари од индивидуални спортови, вели кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во втората изборна единица, Ѓоко Велковски.

-Во следниот период ќе се изградат нови 11 спортски сали и ќе се реконструираат постојни. Со проектот, пак, изградба на 100 повеќенаменски игралишта, конструкцијата и содржината на опремата која е инсталирана овозможува истовремена игра на 24 до 34 учесници. Во следниот период се планира изградба на уште 22 вакви повеќенаменски игралишта на територијата на цела Република Македонија – посочува Велковски.

Досега се пуштени во употреба повеќе од 65 повеќенаменски игралишта кои се реализираат преку Агенцијата за млади и спорт, додека во тек е реализација на 13.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top