-Во спортскиот центар “Борис Трајковски” ќе изградиме Гимнастичка сала, сала за боречки спортови и затворена тениска арена со три терени. Ќе изградиме отворен пливачки базен во Шуто Оризари,како и 20 нови спортски сали, 12 повеќенаменски игралишта, 13 тениски терени, 36 кошаркарски игралишта, 2 фудбалско игралиште и 2 фитнес зони во вкупна вредност. Скопје ќе добие и импозантен театар на култура во Скупи, со капацитет од 9.000 седишта – најави лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.
Затворен пливачки Базен ќе добијат Аеродром но и Битола и Струмица.
-Ќе изградиме и голем повеќенаменски спортски комплекс во Битола, составен од голема спортска сала со 6 илјади седишта, Битола го заслужува тоа а во неа ќе има и мала сала со 500 седишта, затворен пливачки базен со трибини, како и мултифункционален објект на две нивоа кој ќе содржи гимнастичка сала со 300 седишта, и дел наменет за боречки спортови – рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.