| четврток, 6 декември 2018 |

Заев смотан во своите лаги

Во новиот број на неделникот Република што е во продажба од утре, 29. јануари 2016 година, ќе читате:

naslovna178

Нема тепих што ќе го сокрие

Заев смотан во своите лаги

„Биљ­ме­зи, по­до­бро ко ба­ба Зум­бу­ла да ве смо­таа во тој те­пих не­про­коп­сан“ – ова е са­мо еден од ко­мен­та­ри­те на лу­ти­те и гнев­ни опо­зи­ци­ски след­бе­ни­ци на со­ци­јал­ни­те мре­жи, кои ни са­ми­те не мо­жат да по­ве­ру­ва­ат де­ка нив­ни­те стра­те­зи и ју­риш­ни­ци до тол­ку ја ут­наа ра­бо­та­та. Искре­но, по­го­ле­ма утка од те­пи­хот на Ча­уш, кој е ист со сним­ки­те во лаж­на­та афе­ра со па­со­ши­те што СДСМ ја зло­у­по­тре­бу­ва­ше дол­го вре­ме, е са­мо до­кол­ку се утвр­ди де­ка влеч­ки­те што ги но­си ли­це­то на ви­де­о­то (кое е „истра­жу­вач­ки“ до­ста­ве­но до „Фо­кус“, а по­тоа ли­фе­ру­ва­но до си­те опо­зи­ци­ско-со­ро­со­ид­ни гла­си­ла) се во шка­фот за обу­вки на Ча­у­шот. Ни­во­то на тра­ги­ко­ми­чен ама­те­ри­зам во СДСМ ве­ќе одам­на е кон­стан­та и не ги из­не­на­ду­ва гра­ѓа­ни­те, но што е мно­гу-мно­гу е.

 

Специјална божица

Ка­ти­ца како заштитник на кри­ми­нал­ци­те

Јав­но­ста е оста­ве­на да че­ка со не­де­ли, па и со ме­се­ци, за ин­фор­ма­ции во вр­ска со пред­ме­ти­те, но ко­га ста­ну­ва збор за ис­пра­ќа­ње по­ли­тич­ки по­ра­ки и пре­зен­ти­ра­ње по­ли­тич­ки ста­во­ви, об­ви­ни­тел­ка­та се по­ка­жа ка­ко мно­гу бр­за. Та­ка, иа­ко Ја­не­ва се жа­ле­ше де­ка не­ма­ла до­вол­но вре­ме да се за­поз­нае со пред­ме­тот „Пуч“, за што и ба­ра­ше од­ло­жу­ва­ње на ро­чи­ште­то, се по­ка­жа де­ка има до­вол­но вре­ме пре­ку сво­ја­та стра­ни­ца на „Фејс­бук“ да по­ка­же „ин­те­рес“ за при­сус­тво на про­те­стот про­тив евро­ко­ме­са­рот Јо­ха­нес Хан и со тоа отво­ре­но да под­др­жи по­ли­тич­ки на­стан про­тив еден од прет­став­ни­ци­те на Бри­сел, кој бе­ше нај­у­по­рен за неј­зи­но наз­на­чу­ва­ње на функ­ци­ја­та. Кој е неј­зи­ни­от ин­те­рес да про­те­сти­ра про­тив Хан, исто та­ка, ќе тре­ба да од­го­во­ри са­ма­та.

 

Истрагата за Нешковски е законска

Стразбур потврди, Заев излажа

По објавената пресуда во Стразбур, дека истрагата за смртта на Марин Нешковски била ефикасна и законска, ниту Зоран Заев, ниту било кој од неговата партија кои повикуваа и учествуваа во насилствата немаа храброст и доблест да признаат дека свесно ја изманипулираа македонската јавност со што сериозно ја загрозија безбедносната состојба во државата. Ниту Заев ниту било кој од СДСМ не почувствуваа потреба да се извинат на семејството Нешковски, на повредените полицајци и на нивните семејства, но и на изманипулираните демонстранти за предизвиканата душевна и физичка болка.

 

Груевски ја потврди позицијата

Народот ќе пресуди на 24 април

Политичката криза што ја одбележа изминатата година, ќе заврши со предвремените избори во април. Тоа беше главната порака од говорот на Никола Груевски, како лидер на ВМРО-ДПМНЕ, пред женската партиска организација, во своето прво обраќање на еден голем партиски собир по временото повлекување од премиерската функција

 

Стратегиска криза

ЕУ ја повлекува јужната граница

Што е тоа по­ра­ди кое евро­ко­ме­са­рот Хан ре­че де­ка Ма­ке­до­ни­ја се на­о­ѓа пред стра­те­ги­ска кри­за, во Гер­ма­ни­ја се ни­ша фо­тел­ја­та на Мер­кел, а пре­диз­ви­ка дла­бо­ки по­дел­би во це­ла­та Уни­ја и се за­ка­ну­ва да го ур­не дол­го и вни­ма­тел­но  гра­де­ни­от шен­ген­ски си­стем. Бе­гал­ци­те што ве­ќе вле­гоа во Евро­па ве­ќе не би тре­ба­ло да се проб­лем. Евро­па има ка­па­ци­тет да ги сме­сти, да обез­бе­ди хра­на и обра­зо­ва­ние за нив, за го­лем дел ќе се нај­де и ра­бо­та. Очиг­лед­но, проб­ле­мот е што тие се са­мо прет­ход­ни­ца на го­ле­ми­от бран што, спо­ред си­те ана­ли­зи, го оче­ку­ва кон­ти­нен­тот во ме­се­ци­те и во го­ди­ни­те пред нас

 

На­силс­тво во ср­це­то на Евро­па

На Злат­на зо­ра ѝ се стем­ни во Бри­сел

Трој­ца евро­пра­те­ни­ци на грч­ка­та про­фа­ши­стич­ка пар­ти­ја Злат­на зо­ра, под­др­жа­ни од сво­и­те со­ра­бот­ни­ци во Европ­ски­от пар­ла­мент (дел од нив осу­де­ни ли­ца за кри­ми­нал и за те­шки кри­вич­ни де­ла), на др­зок на­чин се оби­де­ле да го спре­чат фор­ми­ра­ње­то Гру­па при­ја­те­ли на Ма­ке­до­ни­ја во Евро­пар­ла­мен­тот. Лу­ѓе­то што зе­ма­ат пла­та од европ­ски­те да­ноч­ни об­врз­ни­ци вр­ше­ле при­ти­сок и со ди­рект­ни за­ка­ни до при­сут­ни­те се оби­де­ле да ги пре­мис­лат 25 евро­пар­ла­мен­тар­ци, кои, и по­крај сѐ, ста­наа дел од Гру­па­та при­ја­те­ли на Ма­ке­до­ни­ја од Евро­пар­ла­мен­тот. Ин­ци­ден­тот во Бри­сел, освен што мо­же да се тол­ку­ва ка­ко обид на сѐ пос­ла­ба­та Злат­на зо­ра да до­бие по­е­ни кај грч­ка­та јав­ност, тре­ба да се пос­ма­тра и ка­ко об­је­ктив­на преч­ка за спро­ве­ду­ва­ње на мер­ки­те за гра­де­ње до­вер­ба до­го­во­ре­ни ме­ѓу две­те зем­ји ми­на­та­та го­ди­на.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top