| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија без победа го заврши настапот на Европското првенство

EHF European Men's Handball Championship 2016

Во натпревар во кој требаше да биде и најлесен на овој европски шампионат, последен за македонската репрезентација, избраниците на Ивица Обрван одиграа без желба за успех, анемично со многу лоша игра пред се во одбраната.
Ова е втор најслаб резултат на Македонија на европските шампионати со оглед на фактот дека нашиот национален состав на дебито во 1998 година и на ова во Полска не остваривме ниту една победа.
Желбата за победа е единствената причина која недостасуваше во нашиот состав. Иако видно ослабени без првите ѕвезди Рутенка и Бабичев, Белорусија покажа поголема желба за игра и со право го оствари првиот успех во последниот натпревар на ЕП со 30-29.

EHF European Men's Handball Championship 2016

Клучен дел од натпреварот беше почетокот на второто полувреме кога Белорусите по предноста од 14-13 по првото полувреме, направија клучна предност со серија од 6-1, и со тоа дојдоа до опиплива предност од шест голови разлика (20-14). Слаб натпревар одиграа сите ракометари вклучувајќи го капитенот Кире Лазаров иако постигна 10 голови, сите од игра, но од 19 обиди кон противничкиот гол.
Одбраната беше најслаба на овој натпревар во текот на целиот шампионат дозволувајќи му во Пуховски многу лесно да постигне дури 11 голови.

EHF European Men's Handball Championship 2016

Обрван мечот го започна во комбиниран состав оставајќи гина клупата крилата Георгиевски и Манасков. Лоша дистрибуција на топки до пикерите, слаби бекови кои немаа идеја и со таков пристап на играта во која повеќе се мисли на олимпискиот турнир за Рио отколку за ова Европско првенство, поразот во последниот натпревар е неминовен.
Најсветла точка во нашиот состав е голманот Борко Ристовски со 16 одбрани и впрочем тој се обиде да ги мотивира своите соиграчи да се обидат да дојдат до пресврт во последните 10 минути.
Со овој пораз, Македонија го освои последното место во групата и се најде на 11. позиција во генералниот пласман на овој европски шампионат, пред Унгарија, која загуби во последната пресметка со Шведска во рамките од групата 2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top