Македонската ракометна репрезентација во последниот натпревар на Европското првенство во Полска против селекцијата на Белорусија по првите 30 минути има негатива од еден гол (13-14). Селекторот Ивица Обрван по неколкуте повреди на играчите од бековската позиција, Филип Лазаров, Миркуловски и Кузмановски се реши за комбиниран состав во првото полувреме.
на клупата ги остави Дејан Манасков и Гоце Георгиевски, а на бековските позиции ги ротираше Прибак, Мојсовски, браќата Лазарови и Кузмановски.
Очигледна е желбата на репрезентативците да дојдат до првата победа на овој шампионат и со неколку доброреаилзирани напади и цврста одбрана можно е да се стигне до победата.
Во првиот дел слабата одбрана ја надополнува голманот Борко Ристовски кој иако прими 14 погодоци успеа да фати девет топки. Во нападот констатен е капитенот Кире Лазаров со четири гола, Прибак и Мојовски и Ојлевски постигнаа по два.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.