Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер без поголеми проблеми успеа да обезбеди полуфинале на Отвореното првенство на Австралија, во кое ќе ги одмери силите со Новак Ѓоковиќ. По мечот, Швајцарецот истакна дека се чувствува сигурно и дека може секого да победи на овој турнир.
– Можам да ги победам сите тенисери на овој турнир, и тоа е причината поради која сѐ уште играм. Чувствувам дека можам да се натпреварувам на високо ниво, и на последните три Гранслем турнири бев константен. Играм добар, забавен тенис, и уживам во тоа – изјави Федерер.
Федерер до полуфиналето стигна преку победата над Томаш Бердих со 7-6, 6-2, 6-4, за рекорден 80. триумф во Мелбурн, а Ѓоковиќ беше подобар од Нишикори со 6-3, 6-2, 6-4.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.