| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Јас му купив магичен тепих на Чауш

tepihotПретседателот на СДСМ Зоран Заев во денешна изјава соопшти дека тој му го купил тепихот на Захир Бекири – Чаушот, кој денес е тема на сите медиуми.

Фамозниот тепих за прв пат се појави на видеото кое Фокус го достави до јавното обвинителство на Република Македонија, а на кое се гледа работата на луѓето кои фалсификуваат пасоши и лични карти.

Од појавувањето на видеото помина доста време, а во меѓувреме во истрага на обвинителството беше откриена Фабриката за Афери на Чаушот, пријател на Заев и член на СДСМ, како што гордо во неколку наврати призна самиот Заев.

Заев денес призна дека тој му го купил тепихот на Чаушот од истите причини поради кои сакал да му купи автомобил на Верушевски, како што исто така самиот призна во неколку интервјуа.

„Вистина е дека тепихот на фотографиите од домот на Захир Бекири Чауш го набавив јас, исто како што сакав да му купам автомобил на Верушевски за да може да замине од Македонија ако треба. Тепихот го купив од продавница во Скопје и продавачот ми тврдеше дека е магичен. Затоа му го купив тепихот на Чауш, за да може да одлета на него од Македонија ако полицијата раководена од ВМРО-ДПМНЕ дојде и му тропне на врата“, изјави Заев.

Според него, големо било разочарувањето кога Чауш му се јавил дека магичниот тепих не функционира.

Во моментите кога полицијата дошла на вратата на Чауш за да ја открие Фабриката за афери, Захир Бекири седнал на тепихот заедно со своите двајца соработници и плескал со рацете викајќи „Чирибу Чириба“ и „Лети лети ќилим маџик“, меѓутоа тепихот откажал послушност. Останал во место како да е обичен, а не магичен.

Заев се сомнева дека магичниот тепих бил соработник на полицијата, дека бил подметнат од власта за да биде наместен Чаушот и за тоа најави отворање на нов случај кој треба да го сработи специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

„Очигледно е дека власта се служела со заплашување и на теписи. Погледнете до каде оди самоволието на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Го обработиле тепихот и го присилиле на соработка со полицијата, спречувајќи уште еден голем македонски патриот да ја напушти земјата, како што тоа го сторија со уште еден мој голем пријател Зоран Верушевски“, додаде Заев.

„Имаме снимки на кои се гледа како претставници на власта го тепаат тепихот обесен на железна шипка и го тераат да соработува со службите и тие материјали ќе ги објавиме многу наскоро. Бомбата за тепихот јавноста ќе ја дознае“, соопшти денес лидерот на опозицијата Зоран Заев.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top