| четврток, 6 декември 2018 |

Најдоброто од Бјело Дугме во Скопје – Авалон најавува ексклузивен гала концерт

avalon

Авалон продукција го најави својот втор проект за 2016-та година- ексклузивен гала концерт на еден од најголемите рок пејачи на Балканот на сите времиња, извонредниот Жељко Бебек, на 5-ти март во арената „Борис Трајковски“. Човекот кој што со „Bijelo dugme“ ги сними првите 6 антологиски албуми: „Kad bi bio bijelo dugme“, „Šta bi dao da si na mom mjestu“, „Eto! Baš hoću!“, „Bitanga i princeza“, „Doživjeti stotu“ и „Uspavanka za Radmilu M.“, доаѓа за прв пат во Скопје со свој соло концерт и со досега невидена формација, со 60 луѓе на сцена: симфониски и тамбурашки оркестар, како и неговиот матичен бенд кој ќе го придружуваат Бебек на сцената.

Скопскиот концерт на Жељко Бебек е во рамките на концертната турнеја која претставува круна во неговата кариера, во која оваа рок легенда слави 40 успешни години на музичката сцена во овие простори – велат од Авалон.

Харизматичниот Бебек на југословенската рок сцена се вивна во почетокот на 1970-те како фронтмен на „Bijelo dugme“ и стана синоним во најплодната музичка ера на групата. Како заштитен знак на „Bijelo dugme“, Бебек ги отпеа незаборавните: „Sve će to, mila moja, prekriti ruzmarin, snjegovi i šaš “, „Ne gledaj me tako i ne ljubi me više“, „Tako ti je mala moja kad ljubi Bosanac“, „Doživjeti stotu“, „Bitanga i princeza“, „Ima neka tajna veza“, „Selma“, „Odlazim“, „Što bi dao da si na mom mesto“, „Sanjao sam noćas da te nemam“- песни кои што скопската публика ќе има шансa да ги слушне во негова изведба заедно со симфониски оркестар.
-На претстојниот скопски концерт, освен хитовите на „Bijelo dugme“, публиката во речиси 3 часовно музичко патување ќе има прилика дa ги чуе и хитовите од неговата соло кариера. Детали околу продажбата на билетите за концертот на Жељко Бебек, ќе бидат објавени наскоро – додаваат од Авалон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top