Најголемиот музички бренд и бенд на Балканот на сите времиња, „Бјело дугме“ после навистина долго време ќе одржи свој концерт во Скопје, во организација на Авалон Продукција.
Концертот на „Бјело дугме“кој ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ на 8-ми април, ќе биде досега можеби најспектакуларен и гламурозен концерт кој бендот го одржал досега во Скопје, со учество на хор, гудачки оркестар, тамбураши…
Горан Бреговиќ, Ален Исламовиќ и Младен Војичиќ- Тифа во Скопје доаѓаат после рекордно распродадени три арени во Белград, со сет листа која содржи повеќе од 30 слободно може да се каже легендарни песни на култниот бенд.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (18.01), точно во 09 часот, преку проджната мрежа на Купи Карти За Се, а сите детали околу цените на билетите ќе бидат објавени вечерва во 21 часот.
Од „Авалон“ напоменуваат дека ќе се одржи само еден ексклузивен концерт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.