Еден од највозбудливите и најквалитетни бендови од светската концертна индустрија, Thievery Corporation доаѓа во Скопје за специјално отворање на фестивалот Skopje Calling 2017.
-Авалон Продукција како и за секој свој избор за концерт во Македонија, секогаш настојува да ги задоволи апетитите на публиката од сите генерации и со различна жанровска определба. Се разбира, заедно со личните апетити и музички вкусови на продукцијата. Така и овој пат се одлучивме за бенд којшто е маестрален во живо и можеби единствениот во светот кој со својот уникатен музички стил спојува повеќе музички жанрови со елементи на електронска музика, велат организаторите.
Концертот ќе биде на отворено и ќе се одржи на 20-ти јуни на Скопското Кале со почеток од 21 часот. Влезниците по цена од 990 денари ќе бидат пуштени во продажба од 15-ти мај преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн.
-Thievery Corporation во Скопје доаѓаат во комплетен состав, со над 20 музичари на сцена. Скопје може да очекува вистински спектакл!, најавија од „Авалон продукција“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.