| четврток, 6 декември 2018 |

„Ѓурологија“ ќе ја гледаме наесен: Претставите одложени поради технички причини

Со големо жалење сме приморани да ги откажеме двете претстави за „Ѓурологија“ (на 5 и на 6 јуни) од технички причини, соопштуваат од „Авалон“.
Новите термини ќе ги објават во текот на септември, а претставите ќе се одржат во октомври или во ноември на истата локација.
– Сите оние што веќе купиле влезници, сакаме да ги информираме дека истите ќе им важат и за новите термини за „Ѓурологија“ или, пак, доколку сакаат да им бидат вратени парите, тоа ќе можат да го сторат со приложување на влезниците, на продажните места од каде што ги имаат купено – информираат организаторите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top