Македонската машка ракометна репрезентација одигра нерешено, 31-31 со Норвешка во мечот од втората фаза на Европското првенство (ЕП) кое е во тек во Полска. Македонија го имаше последниот напад за победа, но не го искористи тоа и за жал, не ја победи силната Норвешка.
Капитенот Кирил Лазаров постигна 11 гола и беше прогласен за играч на натрпеварот во кој Македонија по првите 30 минути имаше водство од плус четири, 17-13. Водството го задржи и во вториот дел, кога на двапати имаше плус пет, но во 53. минута Норвешка го израмни резултатот на 28-28. За жал, не успеавме да се вратиме во игра, само успевавме да се доближиме и да „бркаме“ резултат. Во 57. минута Норвшека првпат беше во водство по 50 минути, но за жал Македонија не успеа да забележи победа, туку извлече само реми со силната Норвешка.
Борко Ристовски имаше 11 одбрани, а кај Норвешка најефикасен беше Кристијан Бјорнсен со шест гола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



