Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) денеска на првиот ден од редовната зимска сесија во Стразбур ја избра својата мониторинг-мисија за парламентарните избори во Македонија на 24 април, пренесе МИА.
Како што се наведува во документот, изборите во Македонија на 24 април ќе ги набљудуваат 20 членови на ПССЕ предводени од Стефан Шенах, досегашен претседател на Комитетот за мониторинг.
По ОДИХР, оваа се смета за најзначајна мисија за набљудување избори во Европа. ОДИХР ги следеше и минатите избори, кои ги оцени позитивно, како демократски и фер.
Инаку, денеска за нов претседател на ПС на Совет на Европа е избран Педро Аграмунт од Шпанија, пријател на Македонија во СЕ, кој ќе има мандат од две години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.