Некогашната љубовница на Мирослав Илиќ, Мирјана Антоновиќ, и нејзиниот син Девин, разочарни се вратија во Америка. Иако во Србија дојдоа за да се види Девин со својот татко, пејачот ја избегна средбата со него. Како што открила Мирјана за српски „Курир“ пред патот, пејачот на Девин му порачал дека е неважен.
-Мојот син го побара Мирослав пред патот и му рече: Бидејќи по весниците изјавуваш дека мојата мајка не треба да се меша во ова по 30 години и дека ако сакам да разговарам со тебе, треба личо да ти се јавам, еве ти се јавувам. Меѓутоа, од својот татко го доби одговорот: Не ме интересира, неважен си ми! Страшно! Девин плачеше. Се надеваше дека ќе го види татка си во Белград. Веруваше дека татко му е оној Мирослав што јас некогаш го познавав, а не овој денешен. А Илиќ прави сѐ за да ме деградира, па дури и подметнува свои пријатели за да ме претстави како лоша и неморалан личност. Не само што се спушти во тињата што ја спомнуваше , туку се валка во кал. Падна многу ниско – вели Мирјана.
Според неа, постои можност жената на Мирослав да му забранила да се види со вонбрачниот син.
-Ако е тоа така, тогаш тој е полош човек од што мислев. Тој е слабак! Девин е лут и разочаран и ќе бара судски да се направи ДНК. Син ми изгуби секаква надеж дека ќе има нормален однос со татка си, но важно е да се заврши оваа агонија – рекла Мирјана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Им најавил на роднините дека ќе го убие татка си: Еве зошто Мирослав го направил крвавиот чин
-
Естрадата во страв – љубовницата на Илиќ ги открива мрачните тајни
-
Како Мирослав сакал да ја силува Брена, открива неговата поранешна љубовница
-
Откриена најчуваната тајна – Мирослав Илиќ се обидел да ја силува Брена