Колку често им кажувате на вашите родители дека ги сакате? Сигурно се случува тоа секој ден или барем одвреме-навреме. Но, доколку Кинез им се јави на родителите и им каже „Ве сакам“, тие ќе бидат збунети и шокирани. Ќе си помислат дека нешто не е во ред или дека нивното дете е под дејство на алкохол. Зошто изјавата на љубов ги чуди толку многу?
-Кинезите не ги воспитуваат нивните деца така што им кажуваат позитивни мисли, туку користат исклучиво негативни зборови – објаснила Шиа Шуелаун, социолог при Универзитетот во Пекинг.
Ваквото воспитување веројатно е производ на комунистичката филозофија и учењето на Конфуциј, кој не охрабрувал романтика во семејството, туку само близок однос меѓу самите членови.
Во Кина преовладува идејата дека делата говорат погласно од зборовите, а дека заедничкиот политички идентитет е поважен од емоционалната и сексуалната привлечност. Па така, во многу кинески семејства зборовите „љубов“, „те сакам“ и слично се сметаат за бесмислици кои немаат никаква вредност. Сите знаеме дека ова не е вообичаено за европските земји.
Колку често си изјавувате љубов во вашето семејство? Дали би се обиделе да ги воспитувате вашите деца на ваков начин?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Доаѓа Другаризација! – акција да се намали врсничкото насилство
-
Осум од десет родители во Македонија со ќотек ги дисциплинираат децата
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Денешните генерации се 15 години „постари“ од родителите на иста возраст