Реал Мадрид стигна до нова титула во Примера, а најзаслужен за истата е Зинедин Зидан, кој максимално ја искористи групата на фудбалери што му беше на располагање.
Целта на Французинот во оваа сезона беше сите да добијат шанса, а статистиката дека дури 20 фудбалери одиграле над 1.000 минути во 38. сезонски натпревари е доказ за тоа. Првпат во шпанска Примера се случува ваква разновидност кај шампионот, што значи дека иднината на „кралскиот“ клуб под водство на Зидан е светла.
Ротациите на францускиот стратег и формирањето на „екипа А“ и „екипа Б“ на крај се покажа како клучен фактор во борбата за титула со Барселона. Каталонците ја завршија сезоната со 18 фудбалери над 1.000 минути, наспроти оние 16 на Атлетико Мадрид.
Фудбалери на Реал Мадрид со над 1.000 одиграни минути во Примера 2016/17:
Кристијано Роналдо: 2.544.
Тони Крос: 2.410.
Серхио Рамос: 2.399.
Кејлор Навас: 2.340.
Начо: 2.302.
Марсело: 2.277.
Карвахал: 2.014.
Варан: 1.837.
Бензема: 1.823.
Модриќ: 1.801.
Ковачиќ: 1.669.
Иско: 1.637.
Касемиро: 1.637.
Бејл: 1.425.
Данило: 1.398.
Лукас Васкез: 1.386.
Мората: 1.331.
Џејмс Родригез: 1.180.
Пепе: 1.081.
Асенсио: 1.071.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)