Повеќе илјадници летови денес се откажани поради снежното невреме кое се наближува кон источното крајбрежје на САД,а во Вашингтон според прогнозите ќе наврне повеќе од 60 сантима снег.
Хидрометеоролозите предупредуваат на силни удари од ветер, а постои предупредување и за можно снемување струја и запирање на сообраќајот.
Досега се откажани 4500 летови. Невремето ќе погоди повеќе од 50 милиони луѓе, а власите наведуваат дека снегот би можел да го „затрупа Вашингтон“.
Градските власти соопштија дека од вечерва на полноќ до понеделник наутро ќе се стопира железничкиот и автобускиот сообраќај, пренесе агенцијата АФП.
Бибиси наведува дека во продавниците има долги редици како и дека рафтовите се целосно испразнети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.