| четврток, 6 декември 2018 |

Поддршка за тато, добредојде за мама- ова е преслаткиот син на Ноле

novak
Јелена Ѓоковиќ, сопругата на најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ за разлика од многу познати личности не сака на социјалните мрежи да изнесува детали од приватниот живот. Меѓутоа, некогаш прави исклучок, па на радост на фановите објавува фотографии од синот Стефан.

Јелена објави фотографија со која на следбениците им покажува како нејзиниот син ја чека кога се враќа  од работа, а воедно му пратија поддршка на Новак, кој учествува во Австралија Оупен. Емотивната фотографија разнежи многумина.

-Стефан и нашето куче ми посакаа добредојде по враќањето од работа-напишала Јелена под сликата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top