Во можеби најслабиот меч на големите натпреварувања во последните седум години македонската машка ракометна репрезентација е високо поразена од Хрватска со 24-34 (13-17) во првиот меч од втората фаза на Европското првенство (ЕП) во Полска.
Врвната репрезентација на Хрватска, која инаку е подмладена, го отвори мечто со 3-0, а потоа дојде и до водство од 8-3. Клуч во играта на Хрватите беше ефикасниот напад, но и одличната одбрана на голманот Мирко Алиловиќ. Кире Лазаров беше добро затворен и во првиот дел не успеа да погоди ниту еднаш против одличниот Алиловиќ (0/4).
Лазаров во овој меч играше само 21. минута и не се запиша во листата на стрелците.
На стартот на второто полувреме Хрватска со погодок на Штрлек поведе со шест разлика (20-14), а во 40-тата минута Македонија се предаде и го продолжи мечот без искусните Ацо Јоноски, Дејан Манасков и Кире Лазаров.
Младиот Филип Кузмановски (19) конечно доби поголема шанса која достојно ја искористи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.