| четврток, 6 декември 2018 |

ЕП во Полска: Франција ја декласираше Белорусија

Првиот натпревар од втората фаза од Европското првенство во ракомет што се одржува во Полска заврши со победа на Франција со 34-23 (20-5) над Белорусија.

Победникот беше решен во првото полувреме, кога европскиот првак Франција предводен од Никола Карабатиќ (9 гола од 9 обиди) имаше водство од 20-5. Во периодот од 15 до 27. минута „триколорите“ направија серија од 8-0.

Одличен настап имаа двајцата голмани на Франција Тиери Омејер во првиот имаше 10 одбрани, а Винсан Жерар во вториот дел – 9.

Вториот дел кога селекторот на Франција, Клод Онеста им даде шанса на играчите кои почесто се на клупата, Белорусија успеа да го намали водството и да го ублажи поразот.

Најефикасни на дуелот со по 9 голови беа Никола Карабатиќ (Франција) и Алексеј Кадкиевич (Белорусија).

Франција со денешната победа има четири бода во рамките на групата 1, колку што имаат и Полска и Норвешка, кои денеска се слободни. Хрватска има 2, а Македонија и Белорусија се без бод.

Во терминот од 20:30 часот во „Таурон Арена“ во Краков играат Македонија и Хрватска. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top