| четврток, 6 декември 2018 |

Европски суд: Државата спровела ефикасна истрага во случајот за Мартин Нешковски

Судот со седиште во Стразбур смета дека државата спровела ефикасна истрага во случајот Мартин Нешковски. Државата ги исполнила сите критериуми воспоставени со судската практика на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).

Evropski sud

 

Во однос жалбата бр. 60333/13 на Ленка Нешкоска во врска со евентуалната неефикасност на домашната истрага поврзана со смрта на нејзиниот син, Мартин Нешкоски, Судот констатирал дека не е повредено ниту едно право загарантирано со Конвенцијата од страна на државата.

-Во вториот случај по жалбата на г-ѓа Нешкоска, Европскиот суд за човекови права смета дека државата презела ефикасна истрага во однос на утврдување на причините за смртта на нејзиниот син, односно дека државата ги исполнила сите критериуми воспоставени со судската пракса на ЕСЧП во истоветни случаи. Притоа, Судот констатирал дека не е повредено ниту едно право загарантирано со Конвенцијата од страна на државата, се вели во сопштението на Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права

Во однос на жалбата на Трендафил Ивановски во врска со постапката за лустрација водена согласно одредбите на Законот за определување дополнителен услов за вршење на јавна функција, Европскиот суд за човекови права одлучи дека нема повреда на членот 6 од Европската конвенција за човекови права (правото на фер судење) во однос на тврдењата на жалителот дека немал пристап до суд, односно дека постои повреда на истиот член од аспект на недоволната независност и непристрасност на трибуналот кој постапувал во конкретниот случај. Со пресудата на ЕСЧП не е утврдена повреда на правото на честа, угледот и репутацијата на апликантот од страна на државата.

-Дополнително, утврдена е повреда на член 8 од Конвенцијата (право на почитување на приватниот и семејниот живот) од аспект на недоволната усогласеност на тогашниот Закон за определување дополнителен услов за вршење на јавна функција со препораките на Советот на Европа, во делот на опфатот на професиите и времетраењето на забраната за практикување на професијата поради констатираната соработка со тајните служби, за која ЕСЧП во својата пресуда смета дека претставува диспропорционална санкција во однос на легитимната цел (заштита на јавната безбедност). Со пресудата на ЕСЧП не е утврдена повреда на правото на честа, угледот и репутацијата на апликантот од страна на државата, стои во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top