Мирјана Лазарова Трајковска судија во Европскиот суд за човекови права во изјава за телевизија Телма со порака до националните судови, да одговорат соодветно на барањата на одбраната во случаите што ги води СЈО.
Досега Гордана Јанкуловска и Илија Димовски се повикаа на аболицијата дадена од Претседателот Иванов. Судијката Лазарова напомена дека доколку судовите постапат поинаку случаите на Специјалното јавно обвинителство ќе се најдат пред судот во Стразбур. Судијката појаснува дека судовите мора да се произнесат по барањето на одбраната аболициите на Иванов да се земат превид за обвинети во случаи на СЈО. Судијката вели дека само така ќе се обезбеди правично судење и ќе има помалку претставки до Стразбур.
– За да можат и самите учесници во постапката да ги покренат во Стразбур ќе мора домашните судови да се осврнат, не можат да ги избегнат прашањата кои што ги покренува одбраната. На одбраната е да го штити обвинетиот, а на судот е да даде одговор на сите прашања што ќе ги покрене одбраната. И тука е вештината и правното знаење умноста како да се образложат гаранциите поврзани со правото на правично и фер судење, појасни судијката Лазарова Трајковска.
-Умни судии – помалку претставки пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, судијката Лазарова Трајковска со порака упатена до судовите во државата да одговорат соодветно на барањата на одбраната, во судските постапки водени од СЈО по аболицијата на претседателот Иванов. Бидејќи веројатно сите случаи од СЈО ќе се најдат пред Европскиот суд за човекови права.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.