Европскиот суд на правдата денеска пресуди дека приватните компании на своите вработени кои работат со клиентите, имаат право да им забранат да носат видливи религиозни и политички симболи на работните места, вклучително и исламски шамии за покривање на главата.
Според Судот со седиште во Луксембург, внатрешните правила на компаниите со кое се забранува носење на каков било видлив политички, филозофски или религиозен симбол, не претставува директна дискриминација.
Судот одлучи дека волјата на работодавците да се прикажат како неутрални пред клиентите, како од јавниот, така и од приватниот сектор, претставува легитимна цел, особено кога станува збор за работниците кои имаат контакти со клиенти.
Според Судот, ваквата определба на компаниите е израз на слободата на стопанската иницијатива.
Европскиот суд на правдата ваквата пресуда ја донесе по жалбите на на две жени од Белгија и Франција, кои биле отпуштени бидејќи одбиле да ги симнат исламските шамии од главите.
Ова се први вакви случаи пред Европскиот суд на правдата.
Како што јави дописникот на МИА од Луксембург, со ваквата пресуда на Судот комапниите во Европската унија добиваат зелено светло да ги демотивираат нивните вработени од носење исламски шамии и други видливи религиозни или политички симболи под одредени услови.
Ова одлука на највисокиот суд на Европската унија претставува и поддршка за оние кои се залагаат за секуларни општества.
Институтот Отворено општество на Џорџ Сорос, кој застана зад поднесените тужби, оцени дека пресудата „ги ослабува гаранциите за еднаквост утврдени со законите на ЕУ за недискриминација“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Експлозивна направа пронајдена во близина на домот на Сорос
-
13 и 12 години затвор за тројцата обвинети за злоупотреба на малолетничката која остана бремена
-
Лазарова Трајковска со порака до судовите во Македонија: Одлуките на судиите да се засноваат врз европското право
-
Девет години затворска казна за Ѓоко Поповски