| четврток, 6 декември 2018 |

Велика Британија ќе го обвини Кремљ за смртта на Литвиненко

Former Russian Agent Poisoned In London

Извештајот од јавната истрага за смртта на поранешниот руски агент на КГБ Александар Литвиненко ќе ја обвини Русија за неговото убиство, пишува британскиот весник „Индипендент” повикувајќи се на извори запознаени со текстот.

Литвиненко почина во 2006 година по труење со радиоактивни материи. Извор од владата изјави за весникот „Дејли телеграф” дека извештајот за јавното истрага ќе покаже дека руската влада, но најверојатно не самиот претседател Владимир Путин, ја нарачало  смртта на агентот.

– Ќе биде многу јасно наведено дека наредбите доаѓаат од Кремљ дека е наредено од владата – изјави изворот. Според друг внатрешен човек, кој побарал анонимност, „откритијата ќе  ја стават Велика Британија во тешка позиција, со оглед  на нивните  сегашни односи со Русија во контекст на сегашните меѓународни настани”. Исто така се очекува британската влада да упати нови повици за екстрадиција во Велика Британија на двајцата главни осомничени за смртта на Литвиненко – Андреј Луговој и Дмитриј Ковтун.

Во ноември 2006 година Литвиненко испи чаша зелен чај, кој содржеше силно радиоактивно супстанција полониум-210, во лондонскиот хотел “Милениум”. Три недели подоцна тој умре. Литвиненко е истакнат критичар на Владимир Путин, кој пред смртта работеше со британската служба за надворешно разузнавање МИ6. Извештајот на сер Роберт Овен, пензиониран судија кој  претседава  со истрагата , се очекува да биде објавен денес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top