| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски најави пет нови проекти за младите

merki-mladi-gruevski-640x411

– Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска најави нови пет проекти наменети за младите. ВМРО-ДПМНЕ, како што порача во денешнто обраќање пред членовите на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, иднината ја темели на младите и акцентот го става на нивната иднина.

Како што рече младите се иднината на Македонија и нејзината сила па затоа и продолжуват вложувањето во иднината на младите.

Првиот проект, како што посочи, е бесплатен железнички викенд за млади до 27 години секоја прва и трета недела од месецот. Мерката ќе стартува во март 2016 година, а за нејзино спроведување Владата ќе исплаќа дополнителни трансфери кон Македонски железници.

– Преку овој проект младите до 27 години ќе имаат можност да добиваат бесплатен повратен билет со кој ќе може да го користат железничкиот сообраќај секоја прва и трета недела од месецот во периодот на викенд односно од петок по 12 часот до понеделник до 12 часот, рече Груевски.

Со овој проект, нагласи, ќе им се овозможи на младите поголема мобилност и можност да посетат многу места во земјава, но претставува и значителна финансиска поддршка и заштита на стандардот на младите.

– Оваа мерка е практично проширување и збогатување на можноста која и досега постоеше за бесплатно патување во железничкиот патнички сообраќај за млади лица до 27 години, во третиот викенд во месецот што започна во јули 2014 година. За проширување се одлучивме поради исклучително позитивните резултати и големиот интерес кај младите, рече Груевски.

Нагласи дека за шесте месеци во 2014 година и 11 месеци од 2015 година таа мерка досега ја искористиле преку 48.758 млади со што заштедиле околу 17 милиони денари.

Втората мерка која што ја најави Груевски е бесплатна обука за основни компјутерски вештини за млади до 29 години.

-Во насока на зголемување на конкурентноста на пазарот на трудот, млади лица до 29 години ќе имаат можност за посета на обуки за познавање на компјутерски вештини и странски јазици, со што ќе им се помогне на младите за стекнување на соодветни знаења, потребни за воведување во работниот процес. Овој проект предвидува секоја година, почнувајќи од март 2016 година, 2000 млади лица на возраст до 29 години да бидат вклучени во обуките и тоа 1000 лица за компјутерски и исто толку за јазични вештини, изучувајќи ги светските јазици кои се најпотребни во моментот на пазарот на труд, односно англиски, германски и француски, ширум територијата на Република Македонија. Ќе постојат три нивоа на изучување на јазиците и тоа почетен, среден и напреден. За таа цел кон крајот на февруари оваа година ќе биде распишан јавен повик преку АВРМ со цел да се пријават заинтересираните кандидати, додека селекција на кандидатите ќе биде по принципот успех на студии согласно ранг на универзитетот, 35 бода и социјален статус кој ќе носи и до 65 бода. А за младите кои не студираат, ќе се земе во обзир само социјалниот статус, сметајќи го вкупниот приход во семејството на годишно ниво. Со оваа мерка им се помага на младите да се стекнат со вештини и знаења потребни и барани на пазарот на трудот. Покрај активните мерки за вработување кои се нудат преку Агенцијата за вработување на Република Македонија, ова ќе биде можност плус за оваа категорија на граѓани. Значи секоја година по 2000 лица, за 4 годишен мандат 8000 лица, истакна тој.Тој посочи дека биде распишан јавен повик преку АВРМ со цел да се пријават кандидатите, додека селекција ќе биде по принципот успех на студии согласно ранг на универзитетот 35 и со статус до 65 бода. Со оваа мерка им се помага на младите да се стекнат со вештини барани на пазарот на трудот. Ова ќе биде можност плус за оваа категорија на граѓани.

Во мерките за млади се најдоа и студентите . Во петте државни студентски домови ќе бидат изградени перални и сушални во студентски домови.

-Низ нашата комуникација со студентите се судривме со овој значаен проблем кој ни беше посочен од нивна страна и кој можеби целокупната јавност и не е току приоритетен. Но, за над 6500 студенти во домовите значи проблем за нивно функционирање но и финансиски товар за нивните буџети. Во насока на задоволување на потребите на студентите сместени во студентските домови,и зголемување на студентскиот стандард, ВМРО-ДПМНЕ следејќи ги најновите позитивни искуства применувани во студентските домови во повеќе европски држави, се реши да ги опреми со нови перални и сушални сите 10 постоечки студентски домови во Македонија, истакна Груевски.

Станува збор за 5-те државни студентски домови во Скопје, државниот студентски дом во Битола, Охрид, Штип, Прилеп и Пробиштип.

-Вкупно за сите студентски државни домови се предвидени 50 машини за перење и 50 машини за сушење, распоредени во зависност на бројот на студентите во секој од нив. Со ова ќе се надмине еден реален и долгогодишен проблем на студентите сместени во државните студентски домови и ова ќе биде задоволување на уште едно барање на студентите, додаде тој.

Проектот ќе се спроведува преку Министерството за образование и наука, а почетокот на реализација ќе биде од јануари 2017 година, а до тогаш ќе се одвиваат подготвителните активности.

Груевски најави дека од октомври оваа година ќе започне изградба на фитнес зони во 18 градови низ Р. Македонија. Овој проект ќе биде реализиран преку Агенцијата за млади и спорт и локалните самоуправи.

Соодветни и модерни фитнес направи ќе бидат поставени во градските паркови на отворено. Од овие проекти бенефит пред се ќе имаат младите луѓе, но и заинтересираните од сите генерации. Груевски потенцира дека проектот ќе започне да се реализира од октомври 2016-та година, а до тогаш ќе се реализираат подготвителните работи за набавка за справите.

Фитнес зони ќе бидат отворени во Скопје, Гостивар, Кочани, Струмица, Куманово, Струга, Кичево, Гевгелија, Маврово, Крушево, Берово, Дојран, Тетово, Прилеп, Битола, Охрид, Ресен и Велес. Од овој проект ќе имаат бенефит пред се младите, но и останатите граѓани.

Груевски посочи дека само во последниот месец биле реализирани 4 крупни проекти за младите и тоа: Купи куќа за млади со кој директно им се помага на илјадници млади луѓе, бесплатен превоз за сите редовни студенти во градскиот превоз, „средношколска среда“ и патување до три светски дестинации за студентите со просек 9,5.

Груевски рече дека младите се силата и енергијата на нашата држава. Тој најави дека во периодот што следува тимови од партијата ќе посетат 15 општини ширум државата и на сите млади овие проекти ќе им бидат образложувани поединечно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top