Вториот проект за денес е обезбедување бесплатни леќи, очни помагала за студенти и средношколци.
Оваа мерка денеска ја најави Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
-Покрај можност за ласерска корекција ќе овозможиме субвенционирање на ортопедски очни помагала на студенти и средношколци на возраст од 14 до 26 години од семејства во кои вкупните месечни приходи не го надминуваат просечното примање од 32.173 денари до завршување на циклус на учење и студирање. Место да користат очила ќе може на товар на фондот да користат леќи за плус и минус 2 диоптер. Од оваа мерка се намалува психолошки притисок на учениците и студентите и се намалува прогресијата на кратковидост или далекувидост во периодот кога видот најмногу им е потребен.
Ова претставува значителна финансиска поддршка за младите, а ќе продолжи да се реализира од 2017 година, по обемни подготовки за реализација, чии основи веќе се договорени преку Министерството за здравство, Министерството за финансии и ФЗОМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии