„Студент-фест“ е еден од проектите што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, го најави денеска како дел од „Мерките за млади“. Со „Студент-фест“, како што реле Груевски, е планирано по примерот на европските студентски градови да се организира голем студентски фестивал во Штип, Битола, Охрид и Скопје каде што се сместени универзитетите.
Фестивалот во Штип, Битола и во Охрид ќе се одржува еден ден во годината, а во Скопје ќе трае повеќе денови и ќе се одржува на шесте плоштади на кои, како што претходно беше најавено, ќе се градат мултифункционални бини како што се плоштадите „Македонија“, „Филип Втори“, „Мајка Тереза„ „Богородица„ „Скендер-бег“ и плоштадот „ВМРО“. На овој фестивал ќе настапуваат студенти, а носител на проектот ќе биде Агенцијата за млади и спорт во соработка со општините. Проектот ќе почне да се реализира од следната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии