| четврток, 6 декември 2018 |

Нови читалници во Прилеп, Струга и во Гевгелија

Citalna 1000 knigi

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска најавувајќи ги новите шест мерки за млади најави и отворање на нови читални во Прилеп, Струга и во Гевгелија.

-Работејќи посветено на отворање на нови просторни капацитети, кои го помагаат процесот на студирање, едукација и надградба ВМРО-ДПМНЕ предвидува отворање на 3 нови читални во три општини во Р. Македонија, во Прилеп, Струга и Гевгелија. Во читалните ќе има и компјутери кои ќе бидат на располагање на корисниците на читалната, а се работи за места каде има студенти, факултети или дисперзирани студии на различни факултети од различни универзитети – истакна Груевски.

Тој посочи дека ова ќе претставува проширување на постојниот проектот преку кој веќе се предвидени нови читални во општините Струмица, Аеродром, Велес и голема мултифункционална читална во Скопје .

-Овој проект ќе се реализира од јануари 2017 година преку МОН. Со овие шест нови проекти досега понудивме вкупно 40 нови проекти за млади. Вие најдобро знаете дека тоа што го ветуваме и го остваруваме – рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top