Српскиот ракометар Дарко Станиќ соопшти дека ја напушта репрезентација, откако Србија го заврши натпреварувањето на Европското првенство во Полска.
-Кога заминав минатиот пат, барав одмор за да можам се да погледнам од друг агол. Се вратив бидејќи луѓето мислеа дека можам да помогнам, но и затоа што имам чувство, должност и тоа го сакам. Се дадов себеси и ја заокружив репрезентативната приказна. Ова е моето официјално простување. Дадов што имав, не гледам дека тоа мое вложување нешто менува на теренот во овој момент. Треба да дојде некој друг со нова енергија и нова искра, вели Станиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.