| четврток, 6 декември 2018 |

Станиќ: Македонците се фаворити во дуелот со Србија на ЕП во Полска

Darko Stanic

Српскиот репрезентативен голман и поранешен играч на Металург, Дарко Станиќ, смета дека Македонија е фаворит во дуелот против Србија на претстојното ЕП во Полска. Тој смета дека неговата репрезентација нема квалитет да се бори за место на Олимписките игри во Рио.

– Не е реално да одиме во Рио. Во вака тешка група, со сите промени кои му се случија на нашиот тим, неблагодарно е да зборуваме за некаква цел за висок пласман. Веројатно ќе пресуди дуелот со Македонците. Тие се фаворити во однос на нас. Едноставно, многу повеќе вложуваат во ракометот – вели Станиќ.

Македонија и Србија ќе се сретнат во решавачкото 3. коло од групната фаза во Полска и, ако претходно не се случи изненадување, ќе се борат за третото место во групата А, каде што се домаќинот и светскиот првак Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top