Српскиот голман Дарко Станиќ беше најголема пречка за нас на денешниот меч со Србија. Тој имаше 14 одбрани и ги доведуваше до лудило нашите момци. Но, за среќа, на крај не го одбрани ударот на Манасков.
„Ова беше напнат и многу тежок меч. Им честитам на Македонците. Особено на Дејан Манасков, кој го реши овој меч. Секоја му чест како го заврши последниот удар, јас очекував некој полуциден удар, некоја „завртаљка”, но тој се реши да шутира во поблискиот агол. Тој е цар! Тој ја направи разликата денеска, тој нѐ надигра сите. Многу честитки уште еднаш, сега им посакувам многу среќа во наредната рунда“, рече поранешниот голман на Металург.
Извор: Спортмедиа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.