Ракометниот портал „Балкан хандбал“ објави дека поранешниот голман на Металург, Дарко Станиќ, за кратко ја напушти Бундеслигата и замина во Кувајт, каде што ќе настапува со екипата на Кувајт спорт клуб. Станиќ ќе ги брани боите на овој клуб во Купот на заливот, кој е на програмата од 19 март до 1 април.
Битигхајм, во кој досега настапуваше Станиќ, е во безизлезна положба и не може да го одбрани своето место во Бундеслигата и следната година ќе се натпреварува во втората германска лига, па помошта на Станиќ веќе не му е потребна.
Како што е познато, Станиќ идната сезона ќе застане на голот на Рајн-Некар Левен, негов трет клуб по заминувањето од Металург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.