Бројот на тужбите поднесени во полиција по нападите врз жени, кои се случија во Келн во текот на новогодишната ноќ, се зголеми на 809, а во половина од случаите станува збор за сексуални злоставувања, соопшти денеска претставник на локалното обвинителство.
Засега има 21 осомничен за сторените дела, од кои осуммина се наоѓаат во притвор.
Полицијата потврди дека бројот на поднесените тужби е помал од оној на жртвите, бидејќи многу жени поднесуваат колективни тужби
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.