| четврток, 6 декември 2018 |

До 40 сантиметри снег кон поткожувските села

sneg-na-kozuv

Од 25 до 40 сантиметри изнесува снежната покривка кон десетина села под планината Кожуф кавадаречко.

Според Ристе Еленов, раководител на компанијата „Јами”, која од кавадаречката локална самоуправа е задолжена за зимско одржување на патиштата во општината, работниците и механизацијата постојано работат на терен.

– Патиштата постојано се чистат од снегот и се одржуваат проодни. Моментно се интервенира со чистење и фрлање сол на делниците кон селата Бојанчиште, Бохула и Чемерско, соопшти Еленов.

Апелира сите кои имаат намера да се движат во поткожувјето, задолжително да имаат зимска опрема во своите возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top