Авто мото сојузот на Македонија известува дека е воведена забрана за поминува на камиони на повеќе патишта и планински премини и тоа планинскиот премин Пресека, планискиот премин Ѓавато, патните правци Струга-граничен премин Ќафасан, Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, крак Маврово – Дебар, крак Стража – Кичево и Тетово – Попова Шапка.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од снег кој останува на коловозот после интервенција на дежурните екипи од Македонија Пат. За останатите моторни возила задолжителна е зимската опрема, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.