| четврток, 6 декември 2018 |

ЕХФ ги казни македонските ракометари за играње со различни чорапи

Европската ракометна федерација (ЕХФ) на Европското првенство изрече казна за македонската ракометна репрезентација во висина од 500 евра, поради тоа што некои од ракометарите носеле различна боја на чорапи на вчерашниот натпревар против Франција.

EHF European Men's Handball Championship 2016

Освен Македонија, казнета е и селекцијата на Франција со уште повисока казна од 1.500 евра. Французите ќе мора да платат 500 евра за различни чорапи, но и уште 1.000 евра поради тоа што на ракавите од дресовите го немале логото на ЕХФ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top