| четврток, 6 декември 2018 |

Трибина: Иновациите нѐ движат напред

Земјите кои посветуваат внимание на иновациите предничат пред останатите.Развојот на една земја во голема мера зависи од развојот на иновациите. Владата ги следи овие трендови и затоа преку Фондот за иновации финансиски го поддржува развојот на иновациите, истакна директорката на Фондот Јасмина Поповска, на трибина организирана од Институтот „Павел Шатев“. Бројни истражувања покажале дека компаниите кои иновираат имаат побрз раст од останатите.

inovacii-500

– Во 2015 како најиновативни земји се Јужна Кореа, Израел, Сад, Финска , Данска. Значи овие земји предничат во сферата на иновации и во свертата на економски раст на овие држави. Економскиот раст, развојот на една земја зависи од иновациите и затоа стратешки им пристапуваат – изјави Поповска.

Во изминатата 2015 –та година се реализираа два јавни повика на кои компаниите аплицираа за разлини инстументи – старт ап, комерцијализација на иновации, трансфер на знаења, акцелератори. На првиот повик се се пријавија 78 компании, а 16 беа одбрани за финансирање , на вториот алицираа 95 добија 17 компании. Минатата година беа доделени 1 милион и 400 илјади евра,а годинава ќе бидат достапни 2 милиони и 650 илјади евра. Проектите кои добиле средства се од повеќе области како ИТ , машинство, електротехника.

– Планирано е во следната година да имаме два повика, еден за старт ап и комерцијализација и еден за трансфер на знаења и за акцелератор. Значајно е проектите да бидат иновативни, дали е ново, друго се оценува е пазарниот потенцијал, дали е наменет за мaкедонскиот пазар или за извоз, менаџерскиот тим се оценува и какво влијание има проектот – изјави Поповска.

Фокусот е ставен на микро, малите и средни претпријатија, затоа што истражувањата покажале дека овие компании имаат проблем со пристап до финансии за иновативни проекти. За 3 до 4 години ќе се пласираат околку 10 милиони евра за иновативни проекти. Затоа од фондот за иновации ги охрабруваат компаниите , со своите проекти да аплициираат за средства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top