| четврток, 6 декември 2018 |

Ѝ почина сопругот, а братот е на смртна постела

Славната пејачка Селин Дион во четвртокот го загуби сопругот, а веќе се соочува со уште една семејна трагедија. Нејзиниот постар брат Даниел се бори со рак, исто како и нејзиниот покоен сопруг Рене Анжели.
Семејството на Дион преживува трауматичен период посебно откако дознале дека состојбата на Даниел е многу сериозна и тој може да почине секој момент.
Сестрата на Селин, Клодет изјавила дека 59-годишниот Даниел боледува од рак на грло, јазик и мозок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top