| четврток, 6 декември 2018 |

Селин Дион во очајна состојба: сè почесто се опива и консумира „тешки“ лекови

Канаѓанката со ангелски глас тврди дека со неа е сè во ред по смртта на нејзиниот сопруг и братот, но нејзините пријатели и познајници се загрижени бидејќи сè почесто се опива и консумира „тешки“ лекови, па се поставува прашањето дали е во состојба да се грижи за децата.

Рене Анежелил, сопругот и менаџер на Селин Дион почина на почетокот од годинава по долга и тешка борба со ракот на грлото, а само неколку дена подоцна, пејачката остана и без братот Даниел, кој, исто така, ја загуби битката со ракот.

Селин сега сама се грижи за трите деца: 15-годишниот Рене Чарлс и близнаците Нелсон и Еди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top